Верниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров вели дека во Чеченија нема да има мобилизација.
-Тој план во Чеченската Република е исполнет за 254 проценти. Такви резултатите се постигнати со претходно формирани нови единици на Министерството за одбрана на Русија. Сите кандидати за служба поминаа во Воениот комесаријат. Тој механизам го разработивме од самиот почеток и пред објавата за делумна мобилизација, вели Кадиров во гостувањето на една телевизија.
Во војната во Украина, како што вели, досега заминале 20.000 Чеченци, а истакнува и дека Чеченија веќе ги исполнија сите планови.
-Освен тоа, Чеченија има резерви од повеќе илјади доброволци, па ако биде потребно, ќе може да влезат во редовите на бранителите, вели Кадиров.