Обвинителите на СЈО се прегрупираа и удрија по екс обвинителката Лејла Кадриу која изнесе дузина неправилности во нивното работење, непримерно однесување кое беше јавна тајна во Македонија. По „невиниот“ Гаврил Бубевски, се јави и „невината“ Елизабета Јосифовка. И таа ќе тужела. Исто како и Заев и Филипче, кои ќе тужат други личности.
Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување кон Бубевски и Јосифовска, извиканите обвинители од СЈО на Катица Јанева.
„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, вели Кадриу.
Во меѓувреме, во јавноста се посилни се повиците државата конечно, да се справи со оваа љага од македонската правосудна историја, црно петно наречено СЈО, вистински резил за обвинителството.
Истото што го кажа Лејла го кажаа и Мустафа Хајрулахи и Јово Цветановски, сите почитувани како ообвинители со реноме, за разлика од СЈО подизведувачите на СДС…
Извор: Курир
