БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов.
Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.
Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.
КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш парични средства.
Инаку пред 4 години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.
Денес надлежните институции се очекува да изнесат повеќе информации.