Поротата од 12 членови дебатирала вкупно 25 часа во текот на четири дена, пишува Си-Ен-Ен.
Ритенхаус, кој сега има 18 години, беше обвинет за две убиства, еден обид за убиство и загрозување на безбедноста на протестот во Кеноша.
Протестите се случија минатата година откако локалната полиција застрела афроамериканецот Џејкоб Блејк.
Откако на протестите беа забележани случаи на вандализам и немири, седумнаесетгодишниот Ритенхаус се опреми со прва помош и автоматска пушка и се приклучи на групата вооружени луѓе во Кеноша, во август 2020 година.
Таму тој смртно го ранил Џозеф Розенбаум, а потоа се обидел да избега од местото на настанот.
Тој смртно ранил уште две лица кои биле вооружени со пиштол.
Обвинителството повика 22 сведоци во текот на шест дена во обид да докаже дека Ритенахус го испровоцирал Розенбаум со вперување на пушката во него.
Обвинителот ги опиша трите лица како херои кои се обиделе да спречат, како што мислеле, активно пукање.
Сепак, одбраната тврдеше дека Ритенхаус делувал во самоодбрана и се плашел за својот живот кога пукал во нив.