Последното двојно убиство во “Шиша бар” ја врати јавноста во скопското подземје, кое се прегрупира, но не престанува да се пресметува. „Фокус” прави хронологија како почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои преку ноќ станаа смртни непријатели. Во меѓувреме, никој не знае дали и кога ќе исчезне пизмата меѓу бандите на Скопје, мотивирани од крвна од- мазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда…

„Mасакрот на Денот на вљубените“ е назив даден за убиствата во 1929 година. Тогаш во Чикаго биле убиени седум мажи, членови на бандата од Северната страна, во периодот на прохибицијата, пишува ФОКУС.

На тој 14 февруари дошло до судир меѓу ирско-американска банда и италијанската банда од Јужната страна, предводена од Ал Капоне. Тогаш тој се обидуваше да ја преземе контролата врз организираниот криминал во градот и да ја спречи бандата предводена од Џорџ „Багс“ Моран. Ги убија четворица мажи, двајца облечени во одела и вратоврски и двајца маскирани како полицајци. Петмина од убиените работеа за Моран.

Самиот Ал Капоне, познат по прекарот,,Лице со лузна”, отпатувал во Мајами неколку дена пред убиството. Иако сите знаеја кој стои зад овој на пад, Ал Капоне имаше солидно алиби и никогаш не беше обвинет за масакрот на Денот на вљубените.

Ист број мажи, четворица, облечени во црна облека и маскирани со фантомки, на 6 март влегоа во кафулето, „Шиша бар” под скопско Кале.

Се претставиле како полицајци, се качиле на вториот кат од кафулето и влегле во „мониторинг” салата. Викнале “рација“ и почнале да пукаат. Испукале 40 до 50 куршуми во главите и телата на три лица. Најголем дел од куршумите завршиле во еден од главните водачи на криминалната група “Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци од истата група, а мал дел во нозете на трето лице што седело со нив, пишува ФОКУС.

Излегле од кафулето и избегале со автомобил„ауди А6″. Возилото го запалиле на улицата Вашингтонска во Шутка, а таму била најдена само регистарската табличка од автомобилот, која, се разбира, била лажна.

Од улицата каде што е најден автомобилот за бегство, напаѓачите на Кривањева можеле да стигнат брзо до скопската обиколница или до Визбегово и патот кон Блаце, односно се на половина час возење до Косово.

Но, засега нема ниту трага, ни глас од убијците. Ова останува уште една нерасветлена пресметка на скопското подземје во мафијашки стил. А таму, Два кланови се главни.

„Дуќанџиќ“ – името го добила од скопското маало во близина на Бит-пазар и пластичарската улица, од каде што е водачот на оваа група, која кохабитира со лица и од други скопски населби.

,,Беланоца” – името го добила според кумановското село Белановце, кое на албански се вика Беланоца, од каде што потекнуваат основачите на овој клан и нивните наследници.

Своевремено, овие кланови не постоеле, бидејќи целото подземје било на купче. Арно ама, односите меѓу неговите водачи се нарушуваат, што го отвора кругот на меѓусебни убиства, кои траат до ден денес.

Низ годините така се раѓаат повеќе групи што го бараат своето место под криминалното сонце, така што тие склучуваат сојузи со други групи во битката за превласт со конкурентите.

„Фокус” прави хронологија на настаните – кога и зошто почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои станаа смртни непријатели, мотивирани од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, рекет…?

ЈУЛИ, 2009 – УБИСТВО НА АГИМ ШЕРИФИ

Неколку престрелки низ Скопје во каубојски стил, како онаа на бензинската „Макпетрол” во Сингелиќ од 2003 година, кога беа убиени Имер Красниќи и Петар Милошески, навестија дека се разгоруваат битките за што подобро позиционирање во подземјето. Арно ама, во јули 2009 година се случува убиство, кое се смета за вовед во дведецениската пресметка меѓу ,, Беланоца“ и „Дуќанџик“.

Со куршум во главата, фрлен на депонија на патот од Арачиново кон Куманово, најден е мртов Агим Шерифи од Синѓелиќ, вујкото на Орхан Бајрами Оки, сегашниот неформален лидер на групата „Дуќанџик“.

 

НЕРАСВЕТЛЕНИ ЛИКВИДАЦИИ МЕЃУ СКОПСКИТЕ БАНДИ ВО МАФИЈАШКИ СТИЛ

Шерифи и Џелал Ајети познат како Џељо создаваат моќна криминална нарко-мрежа во деведесетитте година на минатиот век, кој се занимавал со рекет, лихва. Упатените велат дека Шерифи во тоа време бил главен, мозокот на групата, додека браќата Ајети биле силата.

Шериги бил импресиониран од филмот „Лице со лузна“ па многумина го го нарекувале скопскиот Тони Монтана. Гостите во луксузната куќа во Синќелиќ ги пречекувал на сличен начин како Монтана одигран од Ал Пачино, во амбиент каде што доминирала виолетовата боја, но не недостигала белата.

По десетина години соработка, двајцата партнери стануваат ривали на пазарот. Шерифи е најден мртво под мистериозни околности. Групата „Дуканџик“, потоа предводена од Бајрами – Оки, внук на сестрата на убиениот Шерифи, долг период се сомневаше дека позади ликвидацијата стои Ајети поради несогласувања при давање лихва во казината во Скопје.

Исто така, се раскажува уште една теорија. За време на конфликтот во 2001 година, Зењо бил приведен од полициски специјалци, поради сомнеж дека ги финансисрал УЧК. Наводно, тој се сомневал дека дојавата стигнала од Шерифи, поради што одлучилда го ликвидира многу години подоцна.

Како и да е, тогаш се диференцира и издигнува, „Дуќанџик“, која почнува да склопува сојуз со група од други делови од Скопје, додека таборот на браќата Ајети продолжуваат да дејствуваат како клан „Беланоца“, во база во Сингелиќ и Арачиново.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.