Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде претседател ба Собранието за време на 100-те дена техничка влада пред редовните парламентарни избори на 8 мај.

Вака синоќа одлучи Извршен одбор на владеачката партија, од чии редови ќе биде избран следниот спикер на местото на Талат Џафери, кој пак од претходно е предложен од ДУИ за прв премиер Албанец во временски период од три месеци.

„Чест ми е, голема е честа, но уште поголема е одговорноста која што доаѓа со таква, исклучително важна државничка позиција. Благодарен сум на укажаната доверба од страна на раководството на СДСМ. Како и досега, максимално посветено и одговорно ќе работам за интересот на граѓаните, државата, угледот и дигнитетот на македонското Собрание“, се огласи веднаш потоа искусниот пратеник.

СДСМ одлучи партискиот генерален секретар, Миле Зечевиќ, да биде прелдожен за шеф на изборниот штаб за кампањата за парламентарните избори 2024 година.