Вчеравечер (25 октомври) околу 21 часот и 50 минути, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“, каде бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки.
Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.