Во обид да стане членка на ЕУ до 2030 година, владата ги изрази своите амбициозни аспирации. Тие сметаат дека промената на Уставот е неопходна за постигнување на оваа цел и решени се да одат напред без да се враќаат назад. Првично, постоеше надеж за значајна промена, но се чини дека со текот на времето таа исчезна, посочи Јован Донев во вечерашната Само Вистина.
Можеби во првиот мандат имаше елан дека нешто ќе се промени за потоа да остане само купи ден прдај, ако аргументот ви е дека опозицијата ве кочи значи немате аргумент да се одбраните.
Еден предизвик за влез во ЕУ е дека парите што ни се ветени се зависни од отворање заеднички пазар. Меѓутоа, прашањето се наметнува со Србија и Косово, бидејќи моментално им недостига комуникација и соработка. Понатаму, ниту една од земјите од Западен Балкан не е финансиски придонесувач во буџетот на ЕУ, што значи дека средствата ќе треба да се распределат специјално за нашиот влез.
Неможноста на ЕУ да постигне едногласна изјава за Газа е друга сложена работа. Дополнително, Грција се двоуми дали да потпише поради загриженоста за затворање на кандидат за градоначалник, што го истакнува потенцијалното мешање во внатрешните работи на Албанија. Овие ситуации фрлаат светлина врз предизвиците со кои се соочува бирократијата на ЕУ, каде што ветувањата лесно се даваат, но одлуките бараат колективен договор.
Донев ја истакна потребата од реални очекувања и потенцираше дека бирократите од ЕУ многу лесно ветуваат и многу зборуваат, а лидерите како Фон Дер Лејен имаат ограничена моќ за одлучување.