Судската власт низ текот на годините преку кривични пријави и низа нелогичности го ограбуваат поранешниот сопственик на Скопски пазар, Сашо Давитковски. Во корумпирана шема, здружени Ацо Дудулоски, бизнисменот Фатмир Етеми и сопругот на Весна Дамева, Младен Дамев заеднички се обединети против Давитковски кој бил на чело на Скопски пазар со години.

Давитковски проживува голгота во оваа фирма. Дудулоски, Етеми и Дамев во заединичката шема од малцински сопственици, стигнуваат се до негово истуркување од фирмата. Од малциски сопственици тие се обединуваат и го надгласуваат Давитковски којшто има акции со неговиот брат во Скопски Пазар.

Тие, заеднички, поднесуваат седум кривични пријави против Давитковски. Сите се одбиени освен една.

Во 2018 година во декември месец почнува судска постапка против мене за злоупотреба на службена положба и овласувања. Тоа е против мене и останати членови на управата, но и против мојата мајка која што никогаш не била вработена во Скопски пазар која никогаш не била вработена во Скопски пазар додека не ги наследи акциите од мојот татко.

Во 2019 година Ацо Дудулоски заедно со бизнисменот Фатмир Етеми се обединуваат против Сашо Давитковски. Од малциски сопственици тие се обединуваат и го надгласуваат Давитковски којшто има акции со неговиот брат во Скопски Пазар. Така, на директорската позиција доаѓа лицето Младен Дамев, сопруг на моменталната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева. Тука започнуваат „главоболките“ за Сашо Давитковски.

Информативно, Младен Дамев претходно е вработен во „Современ дом“. Тоа е интересно совпаѓање, затоа што дотогаш тој доаѓал како претставник од таа фирма, а отпосле станал директор. Дамев до ден денес е таму.

Давитковски вели дека никој не е оштетен со неговите одлуки во Скопски пазар.

Во 2015 година друштвото на Собрание на акционери се носи одлука за нудење на одредена количина на сопствени акции на слободен пазар преку приватна понуда. Тогаш, тоа законот го дозволуваше. Се донесе таа одлука од страна на акционерите. Требаше да се реализира, но настанаа измени во законот за трговски друштва. Ние, како тогашно раководство побаравме одговор да се спроведе таа одлука, но за жал добивме допис дека веќе не е дозволено. Не ја спроведовме таа одлука, вели Давитковски.

Затоа имало кривична одлука за Давитковски, но тие акции до ден денес се во обрт. Согласно законот не е.

Скнадалот е тоа што го теретат Давитковски за одлука на Собрание на акционери, а тоа е тело на луѓето кои поседуваат акции во компаниајта. Тоа е одлука на сите оние кои поседуваат.