Какви совети на буџетска сметка ќе му делат на Ковачевски плагијаторот Леонид Наков и неговиот заштитник Предраг Трпески, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Димитар Ковачевски објави дека во листата советници ќе ги впише професорите од Економскиот факултет Леонид Наков и Предраг Трпески

Леонид Наков е професор кој е обвинет за плагијат од Филип Фиданоски, Школа за економија, Универзитет на Нов Јужен Велс, Сиднеј, Австралија. Универзитет кој се наоѓа во првите 50 најдобри во светот. Наков кого Ковачевски го назначува за свој советник го искористил научниот труд на Фиданоски и не го потпишал при неговото објавување. Наков го признава плагијатот, но не го исправа.

Предраг Трпески е декан на Економскиот факултет каде Наков е редовен професор за време на плагијатот, кој не го санкционира по дописот до него од авторот на трудот Фиданоски, кој е жртва на плагијаторот Наков.

Што може плагијатор и негов заштитник да го советуваат Ковачевски и кој е критериумот за избор на советници на премиерот? Дали за избор на советник кандидатот мора да биде дел од некаква афера, за да не падне нивото во СДСМ, прашува опозициската партија.