На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движеше од 1 до 7 степени, а дневната ќе биде од 7 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Температурата изутринава изнесуваше 4, а преку ден ќе достигне 14 степени.

Утре и во вторник на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни( над 20л/м2) проследени со грмежи. Утре ќе дува засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува брзина од 70км/ч. Потоа и во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.