За оваа иницијатива за разрешување на обвинителот Љупчо Коцевски, во вчерашното гостување на телевизија Алсат свој став даде и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Запрашав дали се доволни причините со кои се предлага разрешувањето на јавниот обвинител, Калајџиев истакна дека никој во државата веќе не го брани Коцевски, пред се затоа што испорача слаби резултати во неговото работење и воопшто не ја подобри работата на обвинителството иако со законот за кривична постапка од пред десет години ги имало сите предуслови за поефикасна работа.
„Искрено да ви кажам, никој во државата веќе не го брани овој обвинител, исто како што никој не го бранеше ни Љупчо Јолевски. Едноставно заради тоа што они навистина испорачаа слаби резултати и не ја унапредија работата на обвинителството. Законот за кривична постапка донесен уште пред повеќе од десет години, отвори сосема еден нов концепт, еден простор за проактивно обвинителство, кој што беше замислен со свои истражувачки центри и да има поголема контрола врз полицијата. Односно, да не биде оставен да зависи од министерството за внатрешни работи, како што порано беше вообичаено и во суштина, вистинските одлуки за тоа кој ќе се процесуира беа порано донесувани, практично во полицијата“, рече Калајџиев.