По победата над Малта, македонските тенисери беа немоќни против Молдавија. Бугариќ и Ивановски ги загубија сингл мечевите, па дуелот во двојки ќе биде неважен за крајниот исход.
Во првиот денешен сингл меч, Бугариќ со 2-1 (4-6, 6-2, 6-3) во сетови загуби од Илиа Снитари.
Ивановски го загуби првиот сет од Александер Џозбинов со 7-5, македонскиот тенисер во вториот сет губеше со 5-2 кога реши да го предаде мечот.
Во двојки планирано е да играат Амар Хусеиновиќ и Обрад Марковски против Цозбинов и Снитари.
Утре Македонија ќе игра против Кипар кој со 3:0 ја совлада селекцијата на Малта во денешниот меч од второто коло.