По титулата во Скопје и финалето во Загреб, Ивановски собра 46 поени на АТП ранг-листата
Македонскиот тенисер Калин Ивановски направи голем скок на најновата АТП листа по успешните настапи на турнирите во Скопје и Загреб.
Ивановски напредуваше за 438 позиции и сега е на 710. место на светската ранг-листа. Тој до бодовите стигна по настапите на два турнира од серијата ИТФ М25, каде што одигра 10 натпревари и оствари девет победи.
На турнирот во Скопје македонскиот тенисер ја освои титулата и заработи 25 поени, додека во Загреб стигна до финалето и освои 14 поени. Со тоа, Ивановски моментално има вкупно 46 поени.
Ова беа првите турнири за Ивановски во 2026 година, по неговото враќање на терените по паузата поради повреда.
Ивановски продолжува со настапи во Австрија
Оваа недела македонскиот тенисер ќе настапи на турнирот во австрискиот град Крамзах, кој исто така е од рангот М25.
Во првото коло Ивановски ќе игра против Французинот Тео Папамихалис, кој се наоѓа на 727. место на АТП листата.
Од останатите македонски тенисери, Олег Приходко е највисоко рангиран. Тој се наоѓа на 400. место со 123 поени, а оваа недела настапува на Челинџер турнирот во Корденонс.
Обрад Марковски е на 1.910. место со еден освоен поен.
