Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го има најдобриот ранкинг во кариерата на АТП лигата. Тој новата седмица ја почнува на 306. позиција и забележа скок од 30 места по победата на фјучерс турнирот во Крамшах.
Ивановски има 176 поени, а освои 21 по триумфот во Австрија. Оваа недела Калин Ивановски настапува на челенџер 100 турнирот во Бања Лука.
Од другите наши тенисери Горазд Србљак се наоѓа на 1130. место со 8 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1220. позиција. Во конкуренција на двојки, Калин Ивановски се наоѓа на 608. место на АТП листата.