-Досега имаме произведено и складирано над 210 килограми 20-процентно збогатен ураниум и 25 килограми 60-процентно збогатен ураниум.Ова е големо технолошко достигнување за земјата и никој не може да го одземе ова знаење од Иран, рече портпаролот.

Овие нови достигнува се јасно прекршување на условите од Виенскиот нуклеарен договор од 2015 година, според кој на Иран му е дозволено само да збогатува ураниум до помалку од четири отсто.

Техеран дури тврди дека е технички способен да произведе ураниум до 90 отсто, а со тоа и ураниум погоден за нуклеарно оружје.

Теократската исламска држава, истовремено, постојано нагласува дека се противи на производство на какво било оружје за масовно уништување од религиозни причини.

На 29 ноември во Виена треба да продолжат нуклеарните преговори за обновување на нуклеарниот договор со Иран, што беа прекинати по претседателските избори во јуни и промената на власта во Техеран, пренесе ДПА.