Глумицата Камерон Дијаз, можеби најпозната по улогите во филмовите „Маска“, „Небо од ванила“ и „Чарлиевите ангели“, по пауза од осум години, се враќа со улога во проект на стрим-платформата Нетфликс.
„Камерон Дијаз официјално се враќа од пензија!!! Таа ќе глуми со Џејми Фокс во нов филм на Нетфликс – и имаме една неочекувана личност на која ѝ благодариме што ја вративме ‘во акција’…“, гласи објавата на Нетфликс на Твитер.
„Неочекуваната личност“, која преку чет-разговор ја убедил глумицата да ѝ се приклучи на екипата, е всушност самиот Џејми Фокс, кој прв и ја објави веста.
Снимањето на филмот допрва треба да почне, па така, засега ни насловот сѐ уште не е соопштен.