Државните органи на Србија добиле информација дека кон Косово тргнале 11 камиони полни со оружје.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за најсовремено оружје – минофрлачи и проектили од Турција во вредност од 27,5 милиони евра. Додаваат дека оружјето го нарачало косовското Министерство за одбрана. Припадници на српската војска утринава на административниот премин Мердаре на КФОР му го предадоа барањето на владата на Србија за враќање припадници на српските безбедносни сили во рамки на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Косово. Српската влада ја синоќа донесе одлуката за барањето. Барањето е испратено најпрво електронски, а денес им било предадено лично на претставници на КФОР.

За подобра безбедноста на косовските Срби сакаат да вртат до 1.000 српски војници во северно Косово. Косово не ја прифаќа оваа одлука. Дури борците на ОВК се заканија дека ова води кон војна.