Камионот со кој до аеродромот ќе се транспортираат 45-те идентификувани тела од автобуската сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струма пристигна во мртовечницата, објави „24 Часа“.

Камионот пристигна точно во 8 часот утринава во зградата на мртовечницата во главниот град на улицата „Здраве“.

Меѓутоа, машината не успеала да влезе во дворот на мртовечницата бидејќи се покажало дека е превисока.

Таа веќе скоро еден час чекала на влезот, а возачот и локалната полиција не знаеле првично како да се справат со проблемот.

Во 9:30 пристигна дипломатски тим со претставници на Република Македонија, а час и половина подоцна камионот успеал да помине откако му биле издишани гумите.