Како што соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, промовирајќи ја кампањата, целта е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста.

Заев и Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат  единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на КОВИД и од смртен исход.

Премиерот упати и посебна порака до антиваксерите. Рече дека протестот е уставно загарнтирано право, но исто такво право е и правто на здравје. Мерките за заштита кои се предлагаат, како  вакцинацијата, повтори, се единствен начин за борба против вирусот.

– Секој глас за вакцина е глас за спас на живот. Затоа аплирам, да ја прифатиме пораката на кампањата „Вакцинирај се“. Да се вакцинираме за да се собираме повторно заедно, за да се вратиме на нормалниот живот. Сите да направиме чекор кон таа цел. Да го поттикнеме трендот на вакцинацијата, да ги охрабриме граѓаните, да ги видиме повторно широките насмевки на лицата, без маски, да ги вратиме прегртаките, за тоа ја лансиравме кампањата, а повикот е јасен, вакцинирај се. Вакцинирај се за да се вратат и артистите на сцените, за да се врати публиката на спортските арени, истакна Заев.

И тој и министерот Филипче предупредија на опасноста од новиот бран и новиот делта сој. Рекоа дека имунизацијата се зголемува, тече непречено на сите пунктови, но се уште обемот на опфатот не е доволен.

Заев и Филипче подвлекоа дека вакцините се безбедни и тоа мора да го знаат сите граѓани. Достапни се од сите производители, а количествата постојано се надополнуваат со нови пратки.

– Обврска на државата е да го штити јавното здравје и да носи мерки, а вакцинацијата е единствен начин за враќање на животот во нова нормалност. Граѓаните мора да ги имаат точните, стручни информации за вакцините. Се наоѓаме во критична фаза поради муатациите на вирусот и новиот бран, но и поради антиваксерското информирање. Фактот дека најголем процент од заразените се невакцинирани, е единствена потврда за ефикасноста на вакцините. Тие се и безбедни. Според динамиката со која бројот се зголемува, пред нас е период кога ситуацијата може да е критична, посебно во средините каде најмалку има вакцинирани, рече Заев и дополни дека новите мерки даваат ефект, а во земјава е надминат бројот од 1,160 милиони аплицирани вакцини.

И Филипче, кој посебно апелира до младите да се вакцинираат, истакна дека вакцината во моментов е најсилното оружје за борбра со вирусот, а сите вацини се безбедни и драстично го намалуваат ризикот од тешка форма на болеста и од смртен исход.

– Свесен сум дека има различни ставови и пристапи за вакцинацијата, но со сигурност трвдам дека секоја мерка што ја носиме е за што побрза имунизација и разбивање на вирусот. Имаме пораст на вакцинацијата, но се уште сме далеку од потребниот опфат и излез од кризата. Би сакал на младите да им порачам, вакцинирајте се, заштите се себе си и своите најблиски, подвлече министерот, потсетувајќи и дека меѓу младите има тешки КОВИД случаи.

Тој порача дека ќе продолжи борбата и со дезинформациите кои ги збунуваат и ги плашат граѓаните.

– Наша цел е да ги разбиме митовите и невистините за вакцините. Ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, лидери… Пандемијата донесе тага, не оддалечи од блиските, ги испразни училишните клупи. Капмањата во наредните неколку месеци потсетува на сите моменти на среќа – патувањата, средбите, дружењата, културните настани, спортските натпревари. Ќе не потсети на се што можеме да изгубиме ако не се избориме со вирусот. Врувам дека овие пораки никого нема да остават рамнодушен. Апелирам до граѓаните – вакцинирајте се. Јавното здравје е заедничка одговорност и зависи од сите нас, рече Филипче.

На прес-конференцијата беше прикажан и видео спот за кампањата „Вакцинирај се“.