Дизајнирана да одговори на негативните наративи поврзани со сите форми на нетолеранција, кампањата има за цел да влијае на општествениот дискурс на позитивен начин, не само кај младите, туку и во општеството како целина.
Кампања за подигање на свеста против нетолеранцијата и омразата
К
„Прекини го кругот – омразата не е твој стил“ е насловена кампањата за информирање на јавноста што денеска ќе ја почнат Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, со која ги повикуваат младите да помогнат да се зголеми свеста за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата.