Продолжуваат теренските активности на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

До сега Мицкоски оствари средба со граѓаните на општините Охрид и Велес, а според она кое што го соопштија од партијата, за само една недела Мицкоски разговарала со многу граѓани и директно од нив слушнал за проблемите со кои се соочуваат, но и со целни групи како што се земјоделците, пензионерите, спортските работници на кои што им ги презентирал проектите и решенијата кои се обврзуваат како идна влада да ги реализираат.

Од Охрид, на средба со спортските работници, Мицкоски разговарал за проблемите со кои се соочуваат изминатите 7 години оваа категорија на граѓани, но и проблемот со неизградениот базен во Охрид, за кој поранешниот советник, а подоцна и градоначалник од СДСМ изјавил дека изградбата на овој комплекс е економски неиздржлив.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во делот на спортот, образованието и културата, идната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира по 1 денар од зголемената акциза, укажувајќи дека за еден четири годишен мандат тоа се од прилика околу 65 до 80 милиони евра за спортските клубови и спортисти.

-Сакам да напоменам дека ние за спортот се обврзавме 1 денар кој што е од зголемената акциза, како фонд, да го вратиме назад во спортот. 1 денар за образованието и 1 денар за културата. Тој 1 денар значи некои дополнителни 16 до 18 милиони евра на годишно ниво, кои што во моментот ги нема. Или ако тоа го префрлиме на 4 годишен мандат, зборуваме за некаде помеѓу 65 и 80 милиони евра, директно да ги поддржиме спортските клубови и спортистите во Македонија, надвор од ова што е инфраструктура итн. Сега тие пари завршуваат во тендери и во договорни услуги. Ние планираме тој денар кој што го содржи акцизата, да го враќаме назад во спортот, за спортските работници, за спортските клубови и за спортистите. Повторно ќе кажам за нивна директна поддршка и промоција, надвор од планираните инвестиции што ги имаме во инфраструктурата, нагласи Мицкоски на средба со спортските работници во Охрид.

Најактуелниот проблем со кој се соочуваат пензионерите се нивните ниски примања со кои не можат да преживеат од први до први, додека пак секојдневно цените на основните прехранбени производи енормно растат и токму поради тоа се приморани да излезат на протести.

На средбата во општина Охрид, а подоцна и во Велес, Мицкоски рече дека наместо пензионерите да уживаат во своите пензионерски денови, сега се приморани на улица да протестираат.

Најпрво на средбата пензионерите изразија голема благодарност за лидерот на МВРО-ДПМНЕ, Мицкоски, изјавувајќи дека токму Мицкоски е првиот политичар кој ги посетил и кој дошол да разговара за нивните проблеми.

-Ова е прв лидер на политичка партија да конечно не посети и да ги слушне нашите, односно вашите проблеми. Прв би рекол имаше сенс и осет за нашите проблеми, и еве дојде лично да не посети и да види што тоа ние пензионерите од Сојузот за достоинство на пензионерите ќе се пожалиме, што ќе кажеме и што реално бараме од моменталната власт, рече еден од присутните пензионерот и додаде дека во моментот половина од пензионерите се на работ на егзистенцијата, рече еден од пензионерите и додаде дека половина од пензионерите живеат на работ на егзистенција, кое што според нив не смее да си го дозволи една држава.

-На Македонија оваа година за прв пат од своето постоење на Македонија и се случуваат пензионери, нешто што ниту една сериозна држава не треба да си го дозволи, од 336.000 пензионери во Македонија, бројка е варијабилна, некаде половина се на работ на егзистенција, рече еден од присутните пензионери.

Мицкоски рече дека ја сфаќа нивната загриженост и го разбира нивниот револт, како и дека владата на СДСМ и ДУИ направила грешка со самото тоа што уште пред неколку години го напуштила стариот систем на нивелирање на пензиите, и само поради тоа што наместо парите да завршат кај пензионерите, истите завршиле во недомаќинско трошење во тендери за четири очи.

-Она кое што денеска се случува во Македонија, кога ги гледаме пензионерите кои наместо да уживаат во своите пензионерски денови, тие протестираат. Протестираат од три причини кои што се основни зошто се доведовме во оваа ситуација. Првата причина е што пред неколку години беше напуштен стариот систем на нивелирање на пензиите кога пензиите се нивелираа по два основи и тоа е грешка на оваа влада. Зошто тоа се случи? Тоа се случи поради втората причина, а тоа е многу од средствата кои што требаше да бидат наменети за пораст на пензиите завршија во недомаќинско трошење односно во тендери во четири очи, изјави Мицкоски од Велес.

Но како што најави Мицкоски тие нема да им ветат чуда на пензионерите, но дел од парите кои сега завршуваат кај корумпираните политичари, за неколку месеци од сега со формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, парите ќе завршат онаму каде што треба, односно кај пензионерите преку зголемување на пензиите.

-Ние, како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да излеземе во јавноста и да ветуваме чуда. Прво, не ни дозволува нашиот карактер, нашиот минат труд и на крај ние не сме чудотворци, но можеме да ви ветиме дека ќе биде многу, многу подобро од тоа што е сега, и можеме да ви ветиме дека дел од овие средства кои што се наменети за богатење на корумпирани политичари ќе завршат кај вас. Како ќе завршат? Преку зголемени пензии, вели Мицкоски.

Незадоволство има и кај земјоделците, кои се жалат на се поскапите цени на репроматеријалите потребни за производство, но и тоталното игнорирање од страна на владата за нивните проблеми и барања.

Од страна на Мицкоски на средба со земјоделците од село Сујаклари беше истакнато дека е свесен за уназадувањето во делот на македонското земјоделие, но вети реформи и план за рестартирање на земјоделието, а како што рече за тоа е потребна поголема поддршка и обединување од страна на граѓаните.

-Цениме дека предолго време тапкаме или уназадуваме. И предолго време се зборува невистина и предолго време луѓето се манипулирани, за да функционираат институциите потребни се реформи, имаме план. Но, за да ги спроведеме тие реформи ни требаат пратеници, колку повеќе пратеници, мнозинство јас би сакал, толку полесно ќе ги спроведеме тие реформи, додаде Мицкоски.

Имено, на средбата со граѓаните, тема на разговор се и актуелните теми поврзани високиот степен на криминал и корупција, како и актуелниот закон за амнестија, за кој Мицкоски рече дека секој кој што се огрешил пред законите, а има основано сомнение за сторен криминал ќе одговара и за тоа како што рече тој ќе нема пардон и граѓаните да се сигурни во тоа.

-Апсолутно, нема дилема за тоа. Ниту пак некој има дилема за тоа. Ќе одговараат за сето она што ќе биде докажано, а има основано сомневање за многу криминали. Ги амнестираат криминалците и мислат дека амнестирајќи ги криминалците, нагласи Мицкоски.

Но, Мицкоски освен разговор за проблемите, понуди и решенија кои ќе бидат дел од изборната програма на следните избори, а се обврзува да ја спроведат по формирање на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се со цел подобрување на квалитетот на граѓаните.

Мицкоски најави проект кој што до сега ниту една влада не го спровела, а тоа е реалокација на 250 милиони евра од централниот буџет кон општините, а како што рече тој ова ќе значи покрај сопствените средства од општините, градоначалниците ќе имаат дополнителни средства за реализирање на проекти, надвор од проектите кои што се предвидени да се реализираат од програмата со која настапиле на локалните избори.

Во двете општини Мицкоски вети, нов мост во Башино село, како и патен правец, катна гаража, и велосипедски патеки, додека во Охрид санација на колекторскиот систем, помош за спортските клубови, спортските работници и спортисти.

Од само една недела може да се заклучи дека граѓаните сакаат промени. Теренските активности во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промени“ и средба со граѓаните на Мицкоски продолжуваат и денеска во општините Ново Село, Босилово и Василево.