Канадската влада соопшти дека ќе бара од сите федерални службеници и од патниците во железничкиот, воздушниот и поморскиот транспорт да бидат вакцинирани против Ковид-19 поради зголемени нови инфекции со сојот Делта.
-Знаеме дека вакцините се најдобриот начин за ставање крај на оваа пандемија, изјави министерот Доминик Леблан, кој е задолжен за државните службеници.
– Очекуваме сите федерални јавни службеници да го почитуваат ова задолжително барање.
Федералната влада е најголемиот работодавец во Канада.
Од 13 август, 71 отсто од населението во Канада од 38 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против коронавирус. Речиси 62 отсто се целосно вакцинирани.