Канадското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија додека се уште се достапни комерцијалните средства за патување.
Министерството предупреди дека безбедносните услови се непредвидливи и дека ненајавено може да се влошат.
Во препораките за патување на канадското Министерство за надворешни работи се истакнува дека „достапноста на летови станува крајно ограничена“.
„Способноста на нашата амбасада да обезбедува конзуларни услуги во Русија може да биде сериозно ограничена“, соопшти Министерството.
Канада, како и другите западни земји, воведе санкции кон Русија по воената интервенција во Украина.