Канада испрати мал контингент од воените сили за специјални операции во Украина, објавија канадски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Според нив, таквиот потег е „дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада“.

Друга задача што им е доделена на специјалните сили е да ги евакуираат канадските дипломати во случај на влошување на ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот.

Претходно медиумите објавија дека Канада испратила 200 војници во Украина за да помогнат во обуката на локалните војници.