Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“.

-Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините, напиша Трудо преку Твитер.

Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен на тестот за Ковид-19.

Информацијата дека Трудо е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.