Кандидат за градоначалник на Куманово преку социјалните мрежи се пожали дека полицијата учествува во изборниот процес преку агитирање.
Тој се жали дека министер дал налог за тоа.
-Луѓе од 6та управа повторно на терен, агитираат, попречуваат, уценуваат, даваат логистика на партиски војници, униформираните се неми набљудувачи на сето тоа. Малтретирате наши активисти, со денови не следите, ни одземате возила, се обидувате да не поткупите и заплашите и што уште не и повторно неможете да не скршите и поколебате. Што сакате можете да правите, кумановци се решени, ќе победат денеска и ќе ја вратат демократијата назад кај граѓаните. Кумановци се со нас! Има сведоци, снимки, ќе одговарате за се! Куманово секогаш бил град кој се одважувал и од тука тргнувале сите големи општествени промени за подобар живот, така ќе биде и денес, пишува кандидатот.