Анкетирање на членството пред финален избор на кандидати за градоначалници на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, примерот на Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Извршниот комитет на партијата, ќе предложи свои кандидати за градоначалници на локалните избори. Кандидатите ќе бидат подложени на анкета меѓу партиските членови. Овие предлози се различни од имињата предложени од општинските комитети, што внесува нова динамика во подготовките за локалните избори. ожен кандидат за градоначалник на Скопје

Во ВМРО-ДПМНЕ, најверојатни кандидати за градоналачник на Скопје се Перински и Ѓеоргиевски.

Други потенцијални кандидати за Скопје

Освен Перински и Ѓеорѓиевски, како можен кандидат се споменува и Бобан Стефковски – градоначалник на Гази Баба

Овие кандидати имаат силна поддршка во партијата, што може да доведе до натпревар меѓу нив при изборот на финалниот кандидат.

Договор со „Вреди“ за заеднички настап

Вицепремиерот Изет Меџити, од коалицијата „Вреди“, потврди дека постои договор со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на локалните избори. Иако советничките листи ќе бидат независни, двете партии ќе се поддржуваат во првиот или вториот круг.

Меџити истакна дека по изборите, „Вреди“ ќе премине во единствена партија, што е дел од нивната долгорочна стратегија за политичка консолидација.

ВМРО-ДПМНЕ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Дали СДС ќе бидат докрајчени или ќе застанат на нозе?

ЗНАМ сè уште без одлука – Димитриевски размислува кандидатура на локалните избори?

Партијата ЗНАМ засега не открива дали ќе влезе во сојуз со други партии. Тие се фокусирани на формирање нови општински организации, додека нивната одлука за изборите сè уште не е донесена.

Во меѓувреме, актуелниот градоначалник на Скопје, Максим Димитриевски, најави дека во наредните недели ќе одлучи дали повторно ќе се кандидира.