Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата
Кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Од вкупно пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми и интернет портали. ДИК одобри рекламирање на 33 телевизии, 42 радиостаници. Осум печатени медиуми и 246 интернет портали, на кои ќе се рекламираат кандидатите и советниците.
„Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, а до ДИК беа доставени и 399 ценовници за платено политичко рекламирање. По обработката, запишани се 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Барањата на 22 правни лица беа отфрлени како неуредни или ненавремено доставени. Станува збор за две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали. Дополнително, доставени се два ценовници без соодветни барања, кои исто така се отфрлаат како неуредни,“ изјави членот на ДИК, Светлана Карапетрова, на денешната 131. седница.
Буџетот за одржување на локалните избори изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. Ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.