Од Фејсбук страницата на „Левица – Аеродром“ велат дека водњанецот Цанде преку своите слуги пуштиле смешни и лажни муабети низ маалата во Аеродром дека гласовите на Левица биле договорени да одат за него во втор круг и затоа почнале да кружат лажни муабети.

– Е па вака „отидени” Цанде да ти објасниме неколку работи: Ние нашите гласови и гласачи не ги продаваме како стока како што твојата партија тоа го прави за ДУИ. Ние нашите гласачи ги сметаме пред сѐ за луѓе со високо развиена свест и огромен морален кредибилитет и дигнитет и така кон нив се однесуваме. Нашите гласачи ќе го дадат својот глас за новите луѓе необремени со криминал и корупција, а тоа се кандидатката за градоначалник Весна и советничката група предводена од Дарко. Нашите гласачи ќе знаат да го изберат најдоброто за својата општина Аеродром, а тоа секако не сте вие. Иако кампањата ви е наречена „најдоброто за нашата општина“ што е своевиден оксиморон гледајќи ги резултатите од досегашното криминално и коруптивно владение на СДС и твојот ментор Златко Марин во општина Аеродром. Владеење кое може комотно да се нарече катастрофа од епски размери, велат од Левица.

Според кандидатката Кираџиева, со ширењето лажни муабети само се гледа слабоста и несигурноста на Александар Филиповски.

– Ти Цанде со ширењето на вакви лажни муабети низ Аеродром само ја покажуваш слабоста и несигурноста дека воопшто и ќе имаш шанса да влезеш во вториот круг, бидејќи и сам знаеш дека не ја заслужуваш довербата на Аеродромци, ни ти, а ни твојата партија до гуша заглавена во криминал и корупција, завршуваат од Левица.