Што се однесува до тоа како ќе бидат попишани позитивните лица, вели дека протоколот предвидува тие да бидат попишани откако ќе им заврши изолацијата.
-Дали ќе има попис? Од Министерство за здравство беше побарано да направи протокол пред 2ипол месеци. Комисијата го направи протоколот, го презентиравме и беше усвоен. Го доставивме до Влада, Владата го усвои. Постои Закон за попис, па кој е Жарко или Гоце да крши закон. Од Караџовски се побара протокол, ние го направивиме и го доставивме до Завод за статистика. Дистанца, маска и негрупирање. Тоа се мерките. Ниту Караџовски, ниту Комисијата не може да одлучува за попис. Има Влада. Ако јас одлуувам за се, ќе се викам заменик премиер. Протоколот предвидува дека ако попишувачот добие информација дека некое лице е позитивно, лицето ќе биде попишано кога ќе му заврши изолацијата, објасни Караџовски.