Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов призна во гостувањето на телевизија „Бугарија 24“ дека навива за македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
– Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се квалификува на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, кого треба да поддржам, Турција? “, изјави со иронија Каракачанов.