Каракамишева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ соработува со општините, за разлика од претходните влади кои не обезбедувале никаква соработка

ВМРО-ДПМНЕ соработува со општините, истакна професорката на правниот факултет, Тања Каракамишева, на денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“. Таа нагласи дека ваквата соработка е многу поголема во споредба со претходните власти, кога таа воопшто ја немало.

„Кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ имаме многу поголема синергија и многу поголема соработка за разлика од претходните власти. За разлика од претходните влади кога немавме воопшто соработка, сега веќе имаме голем процес на раздвижување на активностите врзани со министерството за образование. За прв пат после многу долго време, министерството за образование даде средства за финансирање на научни проекти. Исто така, имаме голема соработка и со министерството за локална самоуправа, но и со сите останати министерства“, рече Каракамишева.

Таа додаде дека ресурсниот центар, со поддршка на Владата и на локалната власт. Ќе покаже исклучителни резултати во делот на поддршка на општините, но и во градењето на институционалните капацитети.

„Ресурсниот центар е извонредна иницијатива која започнува да се заживува, и во следниот период, со поддршка на министерството, целата Влада и локалната власт, ќе имаме исклучителни резултати во делот на поддршката на општините и единиците на локалната самоуправа, во градењето на институционалните капацитети, како и отворање на целата визибилност на самите единици на локалната самоуправа. Целта е воспоставување хоризонтална и вертикална комуникација меѓу единиците на локална самоуправа, централната власт и министерствата“, посочи Каракамишева.