Ние Аеродромците имаме посебна припадност кон нашата општина и нашите населби во кои живееме. Не случајно понекогаш велиме “држава Аеродром”. Тоа е затоа што Аеродром многу ни значи, многу го сакаме и сакаме да биде различен од другите општини. Аеродром има и сила и финансии и добри луѓе кои знаат и умеат да создадат добра енергија која ќе ја влече општината напред, а граѓаните да имаат чувство дека живеат во чиста, модерна и прогресивна општина. Изминативе четири години беа навистина лоши за општината, толку лоши што граѓаните веќе не и’ веруваат на СДСМ и нивните кандидати дека ќе можат да ја оправат работата на подобро. Расположението во Аеродром е опозициско, тоа го покажуваат сите анкети и сите мои средби со граѓаните. Но, тоа не значи дека треба да се плукаме и бербатиме на партиска основа. Напротив, треба да покажеме џентлменство во политичката борба, да се бориме со идеи и проекти, да ставиме акцент на личностите кои можат да го поведат Аеродром напред. СДСМ имаше четири години и локална и централна власт да покаже што знае и умее. Ќе се согласиме дека спектакуларно ја прокоцкаа таа шанса. Сега на ред е опозицијата да ја искористи шансата, а добробит да имаат сите граѓани на Аеродром, без разлика дали се партиски определени или непартиски. Парковите, зеленилата, средените улици и тротоари, новите училишта и градинки, капиталните проекти и иновативните идеи не познаваат партиска боја. Ако тоа не ни е јасно, пак ќе ја утнеме работата, напиша Карчовски.
Карчовски: Расположението во Аеродром е опозициско, СДСМ ја прокоцкаа шансата да покажат што знаат
К
Јован Карчовски на својот фејсбук профил истакна дека изминатите четири години биле лоши за општина Аеродром и дека сега на ред е опозицијата да искористи шанса, а добробит да имаат сите граѓани на Аеродром, без разлика дали се партиски определени или непартиски.