Алпинистот и кардиолог, Сашко Кедев утрово заедно со уште деветмина планинари го освои врвот Нанга Парбат висок 8.125 метри, на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“
Станува збор за деветтиот највисок врв во светот.
Кардиологот Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и Еверест, во 2009 година.