Изложбата е тематска и ја отсликува глобалната отуѓеност, поради изолацијата наметната од владите во текот на пандемијата на Ковид-19, и не поради опасноста од вирусот. Тука е опасноста за физичкото и менталното здравје, но и потребата да се знае дека никој не е сам, препуштен на себе си. Сите се во истата опасност, па се потребни заедништвото и солидарноста.
Куратори на изложбата се Хуман Ал Салим и Пол Кравфорд. Поставката е со мултидисциплиниран пристап. На изложбата се претставени слики, инсталации, објекти, видеоарт, сулптури. Се презентираат дела од 180 уметници од целиот свет.