Тенисерот број еден во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, прв обезбеди учество на завршниот Мастерс турнир во Торино, соопшти АТП.
Алкараз го освои Вимблдон победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 3:2 во сетови во драматичното финале.
Ова ќе биде прв настап на Алкараз на Мастерсот, бидејќи минатата година се повлече поради повреда.
„Навистина сум среќен што ќе играм во Торино. Тоа е мојата цел од почетокот на сезоната“, изјави Алкараз.
Завршниот турнир во Торино ќе се игра од 12. до 19. ноември, а учество ќе земат осумте најдобропласирани на АТП листата.
Шпанецот моментално е прв на АТП листата со 6.675 бодови, а има 730 бодови повеќе од Ѓоковиќ кој е на второто место.