Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер.

– Според најновите извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, истакна Карпентер во Вашингтон.

Како што тој додаде, во извештаите се наведува дека, потоа, Русија има во план да организира референдуми во средината на мај, јави Би-Би-Си.

Рускиот претседател Владимир Путин годинава ја призна самопрогласената независност на ДНР и на ЛНР.