Во таа насока, Министерството ќе и додели на локалната самоуправа од Карпош 126.760 денари во форма на грант како дел од средствата од Буџетот на РСМ, планирани за таа намена, соопштија од Општина Карпош.
Претходно, Општина Карпош изработи Локален акционен план (ЛАП), во рамки на Програмата за активностите на локалната самоуправа, во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2021 година. По тој повод, се одржаа повеќе работни средби со невладината „ХЕРА“ и Социјалното претпријатие „Нега Плус“, на кои беа презентирани анализи и теренски анкети од сферата на работната ангажираност на Ромите кои живеат на територија на Карпош.
Добиените финансиски средства, Општина Карпош ќе ги насочи кон организација на низа активности, со кои ќе се едуцира дел од ромската популација со цел, како да настапат, а воедно да бидат и поконкурентни на пазарот на работна сила, соодветно на своето образование. За наменското користење на средствата, општината се обврзува да достави извештај до Министерството за локална самоуправа, најдоцна до 30. ноември 2022 година.