Претседателот на БЕСА Билал Касами во интервју за Алсат вели дека опоизцискиот фронт има за цел да ги обедини сите политички сили против ДУИ- партија која е повеќе од 20 години на власт и да понуди достојна алетрнатива за албанските гласачи. Напуштањето на пратениците од БЕСА, според Касами е масло на власта – овие пратениците од поодамна комуницирале со власта и напуштањето на Беса е обид да се релативизира обединувањето на опозицијата
„Тоа што се случи во Движењето Беса, фактички и во опозицискиот фронт, беше тоа што требаше да се направи и што се очекуваше од сите Албанци во С. Македонија, со цел конечно да имаме обединување, хомогенизација на албанската опозиција и да имаме опозиција која ќе излезе со еден глас за да донесе промена. Сигурно дека со ваквите случувања нема да се согласат сите бидејќи има личности кои пред интересот на гласачите, Албанците, пред интересот на структурата на партијата, го имаат својот личен интерес. За жал, имаше и такви случувања и во Движење Беса и во другите политички структури, но тоа во ниту еден момент не го забавува замавот на обединувањето на албанската опозиција, со што конечно по 20 години силно веруваме дека ќе им дадеме добра можност на гласачите Албанци да имаме ротација на власта“, вели Касами.
Прашање: Заедно со Изет Меџити и Африм Гаши работите на опозициски фронт, ваква иницијатива има од 2016 година што никогаш не беше успешна, секогаш потфрлуваше. Верувате дека овој пат ќе биде успешна, или ќе има разочарување и овој пат од формирањето на опозицискиот фронт.
„Верувам, од целото ова искуство како политичар, носител на овој процес, дека конечно ќе има такво обединување на опозиција и конечно ќе успееме да ги надминеме како што сме ги надминале до сега личните инаети, интереси и сето тоа што може да биде во спротивност со волјата на гласачите, да имаме обединување на опозицијата. Тоа што е суштинска, квалитативна разлика од 2016 година е што сега веќе од сите фактори на опозицијата во овој случај од движењето Беса, Алтернатива, сега веќе и од Изет Меџити има јасни изјави за соработка, ситуација која сме ја немале во минатото, особено од 2016-2020 кога дел од опозицијата беше и Алијансата за Албанците, и кога јас споменав дека во ниту еден момент не сум добил јасна изјава на средбите што сме ги имале, дека се заинтересирани и имаат волја за соработка со опозицијата и создавање на опозициски фронт…За среќа овој пат, не само што имаме декларативно изразена волја туку имаме и конкретни чекори во правец на консолидација на опозицијата“.
Целото интервју можете да го видите овде.