Во врска со прес-конференцијата објавена на официјалната фејсбук страна на партијата Беса на 04.07.2023 година оддржана од страна на претседателот на партијата БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста, се посочува во демантот од страна на компанијата на Дрин Ахмети по прозивките од страна на лидерот на Беса.

„Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Касами кои наведуваат на неетичко работење поврзани со компанијата „Тхор Индустриес“, се истакнува во демантот.

Ваквите лажни тврдења, се појаснува од страна на компанијата на Ахмети, прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети.

„Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на партијата БЕСА и господинот Касами, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Касами“.

Касами претходно побара од Али Ахмети да појасни како е можно неговиот внук да стане милионер преку ноќ.