Досегашниот градоначаник на Тетово, Билал Касами им се заблагодари јавно на граѓаните на Тетово за, како што рече, големата победа на изборите за втор мандат како градоначаник.
„Благодарам Тетово за големата победа! Бескрајно благодарам! Ќе се видиме на прослава во 22:30 часот на плоштадот!“ – Напиша Касами на својот профил на Фејсбук.
Според првичните нецелосни резултати на ДИК Билал Касами освоил 47,23 отсто од гласовите, пред неговиот ривал од ДУИ Бајрам Реџепи кој освоил 37,84 отсто од гласовите.