-За се што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината, вели градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами кој денеска на прес-конференција објасни дека ќе ги прегледа договорите на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа.
-Во моментот додека не се прекинати тие договори тие што одат на работа, одат. Тие што не одат за нив веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината. Испаѓа дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело, изјави Касами.
Градоначалникот најави дека се испитува можноста градскиот паркинг да биде бесплатен.
– Во моментот на јавни паркиг места по булевари и улици е бесплатно, претријатието прави анализи што понатаму. По анализа ќе има преструктуирање и ќе се испита плаќањето на паркинг, рече Касами.