Министерството за надворешни работи на Катар објави дека новиот контингент помош е обезбеден од организацијата „Катар черити“, во соработка со Фондот за развој на Катар, пренесе Анадолија.
Во соопштението се наведува дека најновата пратка содржела 20 тони помош во храна, и дека надлежните органи во Авганистан веќе започнале со дистрибуција на помош на луѓето на кои им е потребна.
Катар досега испрати вкупно 138 тони медицинска и хуманитарна помош во Авганистан.