На 06.01.2023 во 01.50 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(27), П.И.(33) и Д.М.(30), сите од Кавадарци, затоа што А.Т. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а П.И. и Д.М. агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

 

 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.