Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за користење мобилен телефон.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.