Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, 42 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.