Полицијата вчера на територијата на Скопје казнила 147 возачи, меѓу кои 51 за возење со брзина поголема од дозволената, седум за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пет казни се изречени за користење мобилен телефон, четири за затемнети стакла на возилата, 47 за непрописно паркирање…

МВР информира дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.