Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила.
-Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.