Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.